|

87-годишен скопјанец уапсен за предизвикување на пожарот кај „Француски гробишта“ во Скопје

Вчера во 11.40 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Р.(87) од Скопје, поради сомнение дека го предизвикал пожарот во близина на „Француски гробишта“ на истата улица, при што горела сува трева, а кој набргу бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Тој бил затекнат на местото каде што настанал пожарот и кај него била пронајдена запалка.

Х.Р. бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични Објави