|

Дробаров: Ќе прифатам да играм за Бугарија, не ме интересира политиката!


Македонскиот фудбалер Влатко Дробаров вели дека нему не го интересиран политика и доколку добие повик за настап за селекцијата на Бугарија, истиот ќе го прифати.

Утрово, бугарскиот медиум „Спортал.бг“ објави дека 28-годишниот скопјанец многу веројатно ќе биде повикан да ги брани боите на нашиот сосед, откако влегов во бележникот на селекторот Петров.

„Како и секој професионален спортист, давам сè од себе за да бидам поквалитетен. За мене е задоволство што оваа работа ја забележуваат фудбалските луѓе во Бугарија, за што им благодарам.

Не гледам ништо чудно. Имам пријатели овде во Бугарија и ги сакам соиграчите како семејство. Нема причина овој интерес да ми биде чуден. Не ме интересира политика. Да, јас би се согласил да играм за репрезентацијата на Бугарија“, рече Дробаров за „Спортал.бг“.

Дробаров нема настап за нашата најдобра селекцијата, а бидејќи поседува бугарски пасош има прво да го облече дресот на таа држава.

Моментално настапува за Черно Мора, а во својата кариера играл уште за ВардарТетекс, Напредок, СкопјеБеласица, Арил Лимасол, Ал-Медина, Керала…

Извор: gol.mk

Слични Објави