Германско МНР: Полска се откажа од репарациите многу одамна, тоа прашање е затворено
Ставот на германското Министерствот за надворешни работи следува откако вчера Полска соопшти оти претрпела штети од во износ од над 1,3 трилиони долари за време на Втората светска војна, што се очекува да биде основа на идното барање за обештетување од Германија
Полска се откажа од натамошни репарации многу одамна, во 1953 година. Таа откажувањето неколку пати го имаше потврдено, изјави преку е-пошта портпаролот на геманското МНР, откако вчера Полска соопшти оти претрпела штети од Германија во износ од од над 1,3 трилиони долари за време на Втората светска војна, и дека ќе бара исплата на тие средства.
„Ставот на германската Влада не е променет. Германија стои на својата политичка и морална одговорност за Втората светска војна. Прашањето за обештетувањето е заклучено. “,
изјави преку е-пошта портпаролот на германското МНР.
Претходно вчера, Полска соопшти оти претрпела штети од во износ од над 1,3 трилиони долари за време на Втората светска војна, што се очекува да биде основа на идното барање за обештетување од Германија.
Ова се наведува во извештајот на полската парламентарна комисија, чии што заклучоци вчера ги соопшти лидерот на владејачката партија „Право и правда” Јарослав Качински кој уште претходно најави дека Полска ќе бара репарации за сè што направиле Германците во земјата помеѓу 1939 и 1945 година.
Откако ја презеде власта во Полска во 2015 година, „Право и правда“ бара воени репарации, независно што Варшава досега формално не објавила такви барања за Германија. Германија, пак, постојано тврди дека прашањето за воените репарации е решено.
Извор: 360stepeni.mk

