Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ги погоди Пловдив и Асеновград
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ги погоди градовите Пловдив и Асеновград во Бугарија, јавува БГНЕС.
Земјотресот е регистриран во 20 часот и 24 минути локално време, со епицентар на 4 километри северно од Асеновград и 15 километри југоисточно од Пловдив, со длабочина од 15 километри. Засега нема информации за материјална штета.