МНР на Бугарија: Вклучувањето на Бугарите во Уставот на РС Македонија е клучно за суштински почеток на преговорите со ЕУ

//

Бугарија направи се за да создаде механизам преку кој бугарската позиција во односите со Република Северна Македонија ќе биде заштитена на европско ниво. Ова за БТВ го изјави заменик министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова, пренесува Faktor.bg.

„Сега топката е во полето на РСМ. Од нив гледаме желба тоа да се случи што е можно поскоро. коментира таа.



„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ е клучно за земјата да ги започне суштински преговорите за членство во ЕУ. Се надевам дека ќе видиме голема активност од нивна страна и се надевам дека ќе соберат доволно политичка волја за ова да се случи што поскоро.” – додаде Петрова.

Претходна статија

Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски на лидерскиот самит на Отворен Балкан

Следна статија

Германско МНР: Полска се откажа од репарациите многу одамна, тоа прашање е затворено

Најново од Вести