|

Меџити: Модерно училиште во Тенеќе Маало со капацитет за 1300 ученици

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, денеска го претстави својот голем план за иднината на образованието во општината. Тој најави изградба на ново, современо училиште во населбата Тенеќе Маало, кое ќе обезбеди квалитетни услови за околу 1300 ученици.

Според проектот, новото училиште ќе има површина од 4700 квадратни метри и ќе биде составено од 54 училници, 8 кабинети и 2 лаборатории. Училиштето ќе функционира само во една смена, со што, како што вели Меџити, ќе се создаде вистински простор за развој, напредок и гордост на Чаир.

„Образованието е клучот на иднината и секое дете во Чаир заслужува достоинствени услови за учење и успех,“ истакна кандидатот.

Во својата програма, Меџити предвиде и изградба на нов објект на училиштето „Иднина“, со што бројот на модерни училишта во Чаир ќе достигне вкупно 11. Овие инвестиции, како што нагласи, се чекор кон главната цел – настава во една смена и целодневна настава во сите училишта во општината.

„Како иден градоначалник на Чаир, се обврзувам дека образованието и нашите деца ќе бидат врвен приоритет. Чаир заслужува повеќе. Со јасна визија, решителност и со вашата поддршка, ќе ја изградиме иднината заедно,“ порача Меџити.

Слични Објави