| |

Европската помош од 80 милиони евра за најранливите граѓани, микро и малите фирми

Помошта од 80 милиони евра од Европската унија, земјава најверојатно ќе ги искористи како директна поддршка за најранливите категории на граѓани, како и за микро и малите претпријатија. 

Ова го соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши и додаде дека вчера се доставени предлозите до Европската комисија, а до утре се очекува одговор. 

–Вчера се доставени нашите предлози до ЕК, до утре секако дека ќе имаме одговор, а нејверојатно средствата ќе бидат директна поддршка за најранливите категории граѓани и за микро и малите компании до крајот на  прогалсената кризна состојба до крај на април – рече Бектеши.

Претседателката на ЕК  Урсула Фон Дер Лајен која вчера беше во посета на земјава, на заедничка прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека од пакетот помош на ЕУ за регионот, 80 милииони евра се наменети за земјава.

Извор: skopjeinfo.mk

Слични Објави