(Галерија) Посета на бугарската потпретседателка Илијана Јотова и поранешниот бугарски претседател Георги Прванов во Битола и на бугарското воено гробиште во Цапари
Вчера по повод Архангелова Задушница ( Војничка Задушница) потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, поранешниот претседател на Бугарија Георги Прванов, бугарскиот амбасадор во РС Македонија Ангел Ангелов, генералниот конзул на Бугарија во РС Македонија Димитар Иванов, претставници на бугарските дипломатски претставништва и Бугари од РС Македонија ги посетија бугарските воени гробишта во Цапари, црквата ,,Св.Недела” во Битола и црквата ,,Св. Георги” во село Цапари.
Делегацијата предводена од бугарската потпретседателка Илијана Јотова, во која беа дел и историчари од Македонскиот научен институт во Софија, оддаде почит на сите војници и офицери закопани на военото гробиште во Цапари и во дворот на црквата ,,Св. Георги” во истото село, а исто така положи цвеќе на гробот на првиот бугарски конзул во Битола, Никола Стојчев.
Во црквата ,,Св.Георги” во село Цапари беше отслужена панихида за сите загинати бугарски војници и офицери кои се закопани во селото Цапари.
Погледнете ја галеријата од настанот:































