Најмалку 330 загинати во протестите во Иран, меѓу нив и 50 малолетници
Најмалку 330 луѓе загинаа во протестите во Иран во изминатите два месеца, соопшти Новинската агенција за заштита на човекови права со седиште во САД
Меѓу загинатите има 50 малолетници и 39 припадници на безбедносните сили, тврди организацијата за човекови права. Уапсени се речиси 15 илјади луѓе.
Протестите започнаа во средината на септември и зафатија повеќе од 130 градови во Иран. Острата реакција на безбедносните сили предизвика сериозно незадоволство кај населението на Исламската Република.
Причина за почетокот на протестите беше смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена поради непочитување на строгиот исламски кодекс на облекување. Смртта на младата жена покрена сомнеж дека таа била жртва на полициска бруталност.
Извор: slobodenpecat.mk
