|

Возило излета од патот Никифорово-Маврово, повредени три лица

Вчера во 13.10 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на локалниот пат с.Никифорово-Маврово, патничко моторно возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознак, управувано од М.С.(27) од Скопје излетало надвор од коловозот, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле двајца сопатници М.Н.(24) и Б.Р.(21), двајцата од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Слични Објави