МАКЕДОНИЈА ОД ФЕВРУАРИ ЌЕ ИМА СТОЛЧЕ ВО НАТО
Иако кризата во владината коалиција во Грција внесе доза на неизвесност околу Преспанскиот договор, целата процедура за прием на Македонија во НАТО е подготвена и грубата проценка покажува дека веќе во февруари Македонија може да стане членка на Алијансата и наши претставници да учествуваат на сите состаноци на организацијата. Македонија, додека не се ратификува протоколот за прием, кој се очекува да трае една и пол година, ќе има столче меѓу генералниот секретар Јенс Столтенберг и претставникот на САД, но нема да има право да гласа на состаноците на Алијансата. (Повеќе)
