РОЧИШТЕТО „27 АПРИЛ“ ОДЛОЖЕНО, КАЦАРСКА: ДОДЕКА РЕШЕНИЈАТА НЕ СТАНАТ ПРАВОСИЛНИ НЕМА ДА ИМА РОЧИШТЕ
Судењето за 27 април одложено за во понеделник, 21 јануари, а денеска требаше ОЈО да ги даде последните, завршни зборови. Причина за одложувањето е бидејќи дел од обвинетите кои побарале амнестија не добиле правосилни решенија.
Амнестија за крвавиот четврток не побараа екс-директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, началникот во МВР за специјални операции, Душко Лазаров, еден од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски, и Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија.
„Додека решенијата не станат правосилни нема да има рочиште. Наредното е на 21 јануари. За дебес беа отповикани сите барања за обвинетите кои се во куќен притвор, но за наредното ќе видат спроведени“ изјави судијката Добрила Кацарска.
На денешното рочиште дојдоа, Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошески, Оливер Поповски, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ и Абдулфета Алими.
