Осумгодишно дете во Скопје искасано до смрт од куче
Осумгодишно дете вчера било искасано до смрт од куче. Според информациите, кучето било на соседот, во скопската населба Пинтија.
„Од ГОБ „Св.Наум Охридски“ на 11.04.2023 во 18:25 часот било пријавено дека кај нив бил донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г“, велат од МВР
Известен е јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

