|

Ковачевски: Не се предвидуваат нови даноци и се укинува прогресивното оданочување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими го презентираа новиот Концепт на даночна реформа. Новата даночна реформа е дел од Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025), каде се утврдени главните цели на даночните реформи, поставени во пет приоритети. Целта на новиот Концепт на даночна реформа е праведен, ефикасен и модерен даночен систем кој овозможува за стабилни приходи, економски раст и подобри услуги за граѓаните.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Денес заедно со министерот Бесими ќе го претставиме новиот Концепт на даночна реформа, што го усвои Владата на денешната седница, а кој ќе се одвива во повеќе етапи, во интерес на прилагодување на сите засегнати страни.

Уште на почетокот сакам да ги напоменам најважните работи за граѓаните и за компаниите, а тоа е дека со овој нов концепт:

–           НЕ СЕ ПРЕДВИДУВААТ НОВИ ДАНОЦИ,

–           НЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ, односно

–           ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД ОСТАНУВА СО ЕДНА СТАПКА ОД 10% И СЕ УКИНУВА ПРОГРЕСИВНОТО ОДАНОЧУВАЊЕ КОЕ ТРЕБАШЕ ДА СТАПИ НА СИЛА НА 01.01.2023 ГОДИНА,

–           ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ОСТАНУВА 10% И НЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА,

–           ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ОСТАНУВА 18% И НЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА

–           Исто така, КАМАТИТЕ НА ДЕПОЗИТИТЕ И ШТЕДНИТЕ ВЛОГОВИ, НЕМА ДА СЕ ОДАНОЧУВААТ.

Овој нов концепт всушност значи РЕВИДИРАЊЕ НА ДАНОЧНИТЕ ОСЛОБОДУВАЊА, ПРОШИРУВАЊЕ НА ДАНОЧНАТА ОСНОВА И КРАЈНО СУЗБИВАЊЕ НА НЕФОРМАЛНАТА ЕКОНОМИЈА.

Со ова, резултатот од новиот Концепт ќе биде одржливи и повисоки стапки на економски раст, но и транспарентно управување со јавните финансии, што е особено важен во услови на оваа најголема економска криза.

Она што би сакал да го напоменам е дека оваа даночна реформа е дел од Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025), каде се утврдени главните цели на даночните реформи, поставени во пет приоритети.

Како прв приоритет во Стратегијата се наведува поголемата праведност во оданочувањето, односно секој да ја исполнува својата општествена обврска и да го плаќа својот праведен удел од данокот.

Слични Објави