|

Блокадите на приватните автобуски превозници ќе продолжат додека градот Скопје не го подмири долгот кон нив

Протестите на приватните автобуски превозници со блокади ќе продолжат се додека нема напредок во состојбата, изјави за МИА Кемал Муриќ од „Слобода превоз”. Муриќ додава дека ќе има блокади на неколку сообраќајни точки во главниот град.

Првиот човек на „Макекспрес превоз” Милорад Димитријевски вчера преку писмено соопштение рече дека претпријатието не е организатор на протестите и апелираше политичките партии да не ги злоупотребуваат превозниците за препукувања и поени.

Според досегашните изјави приватните автобуски превозници нема да ги отстранат автобусите се додека не се исполнат поставените барања за исплата на долгот што го побаруваат од Град Скопје.

Тие бараат од Град Скопје да се подмири долгот кон двете компании кој во целост изнесува преку 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за понатамошно функционирање.



Слични Објави