Премиерот Ковачевски и министерката за труд и социјала Тренчевска ја поддржаа кампањата на Билјана Ангелова против домашното насилство
Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ја поддржаа кампањата „СТОП на домашното насилство. Животот е МОJ!“ инициирана од Билјана Ангелова, сопруга на бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов во земјата.
Веста преку социјалната мрежа Facebook ја соопшти самата Ангелова, која им се заблагодари на сите инволвирани во нејзината благородна иницијатива.
„Што повеќе можам да кажам, кога премиерот на државата Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ја дадоа својата поддршка за кампањата СТОП на домашното насилство. Животот е МОJ! Ви благодарам од името на сите жртви на семеjно насилство! Вашата поддршка е за сите нив! Благодарам и на едни од најважните дами од министерството за труд и социала – шефицата на кабинетот на министерката Наташа Димеска и шефицата на протоколот на министерството Алејна Ислами. Последна, но не на последно место и благодарам на една жена, коjа е инспирациjа за многу студенти, а и не само, проф. д-р Наташа Станојковска-Трајковска“, напиша Ангелова.

Потсетуваме дека утре во 12 часот во центарот на градот ќе се одржи финалниот настан на кампањата. Сите што сакаат да им дадат поддршка на жртвите на семејно насилство се добредојдени.

