РКЕ ја намали цената на горивата за повеќе од 30 денари, од полноќ ново поевтинување, најави Бислимовски
Првиот човек на РКЕ Марко Бислимовски, најави дека од вечерва на полноќ ќе има ново поевтинување на горивата, пишува zoom.mk.
-Во последните две-три недели, пред се заради паѓање на цената на нафтените деривати на светските берзи, како и поради намалување на курсот на доларот, РКЕ ја намали цената на горивата за повеќе од 30 денари. И денеска ќе има намалување на дизелот за 1,5 денар по литар, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 исто за 1,5 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за еден денар. Секогаш повикуваме да се верува на институциите. Нашите одлуки се базирани на методологии. Очекувам тие што ме ставија на билборди јавно да се извинат и да престанат со неосновани напади врз РКЕ, рече денеска Бислимовски на прес-конференција.

