|

Недозволиво е ангажирање на „Безбедносните сили на Косово“ во странски мисии, вели Дачиќ

Денеска министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, истакна дека Србија „го смета за недозволиво ангажирањето на „Безбедносните сили на Косово“ во странски мисии, бидејќи тоа е во спротивност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, објави Нова.рс.

Дачиќ ова го кажа по остварената средба со амбасадорот на Аргентина, на кого му се заблагодари за принципиелна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, а аргентинскиот амбасадор го информираше за позициите во врска со одлуката на властите во Приштина да испратат припадници на Косовските безбедносни сили на Фолкландски Острови, како дел од Вооружените сили на Обединетото Кралство.

Амбасадорот Освалдо Нарцис Марсик, рече дека оваа одлука е во спротивност со резолуциите на Генералното собрание на ОН.

Извор: Слободен печат



Слични Објави