По поканата од Обвинителство за претседателот на клубот „Иван Михајлов“, Спас Ташев со предлог како да бидат заштитени македонските Бугари
Старата југословенска практика ,,крадецот вика држете го крадецот” е одамна практикувана метода во пропагандата против Бугарија. Кај нас јавно не се направени соодветните заклучоци, изјави за lupa.bg историчарот од БАН и Југозападниот ниверзитет ,,Неофит Рилски” во Благоевград, доц. д-р Спас Ташев.
,,Политичарите во Скопје продолжуваат да бидат исполнети со омраза кон членовите на бугарските клубови. Ако има предизвикувач на омраза тоа е Владата на РС Македонија и нејзината политика на конзервирање на државната доктрина од 1945 година. Со таквото однесување Владата е вистинскиот пропагандатор”, смета историчарот. Изјавата на Ташев доаѓа откако стана јасно дека претседателот на бугарскиот клуб ,, Иван Михајлов” од Битола, Љупчо Ѓоргиевски, е повикан како осомничен од Обвинителството во Битола за ширење на расизам и ксенофобија.
Во однос на тоа Ташев го дава следниот предлог:
,,Во моменталната ситуација корисен потег би бил бугарските европратеници од сите партии итно да се обединат и со заедничка позиција да ги одбранат Бугарите во РС Македонија кои се објект на прогон. Мислам дека и бугарските адвокати со меѓународно искуство во одбрана на човековите права треба да започнат подготовки за судска заштита на членовите на бугарските здруженија”, вели Ташев.
Тој е дециден дека во Европа се прогонуваат потпалувачите како Ламбе Алабакоски а не жртвите на потпалувачите.
,,Во модерна Европа се прогонуваат потпалувачите, бидејќи тие се вистинските носители на ксенофобијата. На нив а не на жртвите им е местото во судница “, смета доц. д-р Спас Ташев.
