ВЛАДАТА ГО ЗАМРЗНУВА ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК ДО 1 ЈАНУАРИ 2023

Примената на прогресивниот данок на личен доход ќе биде замрзната до први јануари 2023 година. Министерката за финансии Нина Ангеловска соопшти денеска дека оваа одлука е донесена бидејќи мерката не ги дала посакуваните ефекти.

Од Владата уверуваат дека не станува збор за укинување, туку за одложување на овој данок кој во предизборието беше една од клучните поенти со кои се бараше довербата на граѓаните. Власта на СДСМ тогаш тврдеше дека преку овој данок ќе се воведе правично оданочување. Но, анализата на финансии покажала дека прогресивното оданочување придонело само за еден отсто се намалила нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните.