ДИМОВСКИ: КАТИЦА ЈАНЕВА БАРАЛА АПАНАЖА

Ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, која е во притвор како обвинета во аферата „Рекет“, побарала апанажа, соопшти претседателот на Комисијата за изборите и именувањата, Илија Димовски, пренесува А1Он.

Димовски рече Јанева го доставила барањето преку нејзината адвокатка Ирена Фрчковска. Станува збор за едногодишна исплата којашто им се дава на службениците по истекот на нивниот мандат.

Димовски за „А1он“ рече дека Комисијата ќе одлучи за барањето, а неговиот предлог ќе биде негативен.