ПАТАРИНАТА КАЈ СМОКВИЦА ОД УТРЕ ЌЕ ПОЧНЕ СО НАПЛАТА 100 ДЕНАРИ ПО ВОЗИЛО, НЕ Е ПОЗНАТО ДАЛИ ЌЕ ИМА ОТКРИВАЊЕ СО ЧОЧЕЦИ
Нема да има веќе бесплатно поминување на патарината кај Смоквица – Гевгелиско која е целосно изградена, обележана со потребната сигнализација, но и со инсталирана опрема за наплата во готово и со картички, објави 24ТВ.
Според последните информации кои телевизијата ги добила од ЈП „Државни патишта“ , од утре се очекува да отпочне со работа патарината „Смоквица“ каде ќе се наплаќа по 100 денари за патничко возило.
