СПАСОВСКИ ПОДГОТВЕН ДА ОДИ ПЕШКИ НА РАБОТА, АКО ТОА ГО НАПРАВИ ВОЗДУХОТ ПОЧИСТ

Министерот Спасовски, по координативниот состанок во владата со премиерот Зоран Заев, изјави дека е подготвен тој да оди на работа со јавен транспорт или пешки, ако тоа го направи воздухот да биде почист.

Ваквата изјава дојде како одговор на прашањето дали е подготвен да се откаже тој и сите министри од возењето со службени возила, а парите да се пренаменат за борбта против загадувањето.

Спасовски ја информираше јавноста дека полицијата ќе оди на дивите депонии каде сега е пали отпад, автомобилски гуми и кабли кои го загрозуваат здравјето на граѓаните.

„Патролите ќе ги правиме заедно со инспекторатот бидејќи тие имаат надлежности за ова да покренат постапка и МВР ќе биде поддршка за соодветно да се заврши целата постапка“, рече министерот.