Проф. д-р Димитров: Нема промена во РСМ, има перманентни антибугарски напади
„Проблемите во Западен Балкан остануваат. Ревизионизмот не e исчезнат. Тоа го гледаме во однесувањето на Белград. Донекаде сум изненаден од овој континуиран политички момент на попуштање кон најголемата земја во Западен Балкан. Многу порешително треба да биде однесувањето на Брисел и на повлијателните земји кои имаат директни контакти и можат да влијаат на настаните во регионот. Пукнатините се многу сериозни од Белград до Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, која е најжешката точка, но и до РС Македонија“, вели во интервју за БНР, претседателот на бугарскиот дел од Македонско-бугарската комисија за историја проф. д-р Ангел Димитров .
„Она што мене лично ме загрижува, бидејќи ми е во центарот на вниманието, е што не ги гледам потребните политички сигнали за некаква промена во нивното политичко однесување и во начинот на кој комуницираат со Бугарија, дури и по сигналот што беше даден од Европската Унијата за време на француското претседателство. Ова за мене е многу сериозен проблем, а кога се вели дека овие антибугарски перманентни напади во последните месеци против бугарските културни клубови и против поединечни луѓе беа последователни потреси на бугарската позиција за брзото прифаќање во ЕУ, тоа зборува или за целосно незнаење или веројатен недостаток за самокритика. Искрено се надевам дека тоа може да се смени, а во таа насока неопходна е соработка и истрајност на позицијата на земјите од ЕУ“, вели проф. д-р Димитров, пренесува БГНЕС.
