Проф. д-р Христова: Левица и ВМРО-ДПМНЕ да бидат тужени и осудени, затоа што непрестано стимулираат етноцид врз македонските Бугари
Проф. д-р Дореана Христова преку социјалната мрежа Facebook повика „македонските радикални партии“ Левица и ВМРО-ДПМНЕ да бидат тужени и осудени затоа што постојано стимулираат етноцид врз македонските Бугари.
Во својот пост професорката на УКИМ ја нарекува Левица анархистичка и проруска партија, додека ВМРО-ДПМНЕ е дефинирана како плагијаторска партија со втемелена диктаторска идеологија од југо режимот .
„Македонските радикални партии : анархистичката проруска левица и плагијаторската вмро-дпмне со втемелена диктаторска идеологија од југо режимот
треба ДА СЕ Тужат и осудат, зашто непрестано СТИМУЛИРААТ :
– етноцид врз македонските Бугари иако се државјани на Северна Македонија
– им го забрануваат нивното евидентирање во преамбулата на Уставот на РСМ
– им ги рушат основните човекови права за водење нормален и похуман живот,
– им вршат полициски рации за време изборите ако се искажат дека се по потекло Бугари, (пр.случајот во Гевгелија при пописот од 2021)
– ги девалвираат и обесправуваат нивните способности на работните места преку селективен третман за ,,недозволено,, потекло
– непријателски и понижувачки се однесуваат кон нив
– ја омаловажуваат културната разноликост единствено кон македонските Бугари, иако е ознака за посебна скапоценост во сиот европски демократски свет
– го разединуваат и разнебитуваат обврзното обединувачко национално единство, забранувајќи го во него името на македонските Бугари
– стимулираат брутален говор на омраза кон родот бугарски.“, напиша на социјалната мрежа Facebook проф. д-р Дореана Христова.
