Македонизацијата на Гоце Делчев и Тодор Александров – бришење на бугарскиот идентитет во Македонија
Пишува: Атанас Величков за БГНЕС
Во деновите по одбележувањето на 100-годишнината од убиството на Тодор Александров, некако е логично да се потсетиме како во минатото овој легендарен водач, не бил омилен историски лик од оваа (другата) страна на Осогово.
Да потсетиме на деновите кога за историчарите и власта во Југославија, а потоа и во независна Македонија, Тодор Александров бил само „слуга на бугарскиот царски двор“, „врховист“ и „крвник на македонскиот народ“ , се разбира во друштво на Иван Михајлов.
Ваквото враќање назад е неопходно, пред се поради намерата да се избришат сите знаци за постоење на бугарскиот идентитет во Македонија. Во Северна Македонија е изграден уште еден споменик на Тодор Александров. По споменикот во скопската населба Кисела Вода, нов споменик на војводата беше отворен и во неговото родно штипско Ново Село. Тоа покажува дека процесот на неговата целосна македонизација не е завршен. Сакале или не, Александров ќе биде искористен против македонските Бугари од оние што го македонизираат за да им порачат „Александров е наш херој и неговото херојско дело ни припаѓа нам“. На другата страна, секако, се екстремните левичари, за кои Александров останува „црна фигура“ во историјата на Македонија.
Верни на историските традиции, македонските Бугари стојат таму каде што е Тодор Александров и од каде што сакаат да ги изместат современите македонски националисти.
Звучи лудо. Дури звучи грдо, на позадината на лагите и безбројните манипулации, кажани, напишани и наметнувани со генерации за настаните и личностите кои се дел од историјата на македонските Бугари. Дел од нивните фамилиjарни истории, за нивните предци кои биле дел од борбата за слобода, автономија и независност на Македонија.
Затоа, вистината, иако болно позната, мора да се повторува! А вистината е една и единствена. Современите македонски националисти сакаат да го присвојат Тодор Александров затоа што им треба за да го оправдаат сопственото постоење, тој е потребен за да го оправда лажниот континуитет на „македонскиот идентитет“. Сакаат да го македонизираат, бидејќи Александров е почеток на краток, но значаен период во историјата на Организацијата. Последниот таков, од 1919 до 1934 година. Актуелната партија на власт во Република Северна Македонија го има небулозното тврдење дека е наследник токму на ова ВМРО и затоа Александров е од суштинско значење за истата.
Така, некогашниот „врховист“ и „слуга на бугарскиот двор“ станува сламката за спас на „македонскиот национализам“, коj што се дави, уште пред да преземе посигурни чекори. Се китат со него. Го користат како плакат за нивната идеологија, која нема никаква врска со идеологијата на легендарниот војвода. Но, тој е херој и бил убав. Бил строен и униформата му прилегала. Каков подобар идол… Ќе му ја изменат малку биографијата овде-онде. Ќе ја полираат за да имаат барем еден претставник на десницата кој не бил толку лош како, да речеме, Михајлов.
На прв поглед изгледа лесно, но ако продолжиме да гледаме, за некои од современите Македонци, Александров останува контроверзна личност. Неговата бугарштина не може да се сокрие, ниту да се заборави во некое затскриено ќоше на географската област Македонија. Бугарскиот дух на борецот за независна Македонија е неоспорен и токму тоа го прави контроверзен за некои од современите етнички Македонци. Некои од нив се чудат како Бугарин како Александров ќе се бори за Македонија. Некои ќе речат дека ова е прашање нема одговор, но не мора да се согласуваме нели? Можеби ќе дочекаме историската комисија да го каже својот тежок збор. Научниците од двете страни на границата ќе ја најдат формулата. Врз основа, се разбира, на историските извори и сведоштва.
Очекуваме одговори не само за Тодор Александров, туку и за Гоце Делчев, најголемиот син на Македонија. Ќе дознаеме какви биле контактите на Делчев како задграничен претставник на Организацијата со Врховниот комитет во Софија. Дали останал имун на штетните идеи на „врховизмот“? Зошто воопшто комуницирал со „лошите врховисти“? Кој бил неговиот интерес да се изјаснува како Бугарин? Што му било на времето, па сите македонски револуционери и од левицата и од десницата се сметале себе си за Бугари? Кои настани го „промениле времето“?
Некој треба да одговори на прашањето зошто за Колишевски во еден момент Гоце Делчев бил Бугарин со незначителна улога во борбата на македонскиот народ, а потоа станал личност од историско значење и „идеолог на народноослободителната борба на македонскиот народ “.
Зарем во одреден момент, авторот на фразата „когато сме си Българи“, не му станал неопходен на Колишевски, за последниот да ги бетонира темелите на новата нација? Како што деновиве, Александров им е потребен на македонските националисти, кои фрлаат оган и пламен против Колишевски, нарекувајќи го слуга на Белград? Да не заборавиме дека Колишевски е најчистиот пример за суров творец на новиот македонски идентитет.
Тоа се прашања чии одговори мора да ги најдат оние на кои им се потребни. Останатите немаат друг избор освен да ги прифатат фактите, а тие се безмилосни. Гоце Делчев, како борец за автономија на Македонија и Одринско, се родил, живеел, се борел и умрел како Бугарин, Тодор Александров, иако борец за независна Македонија, се родил, живеел, се борел и умрел како Бугарин.
Да се држиме подалеку од заблудите и да се фокусираме на историската вистина. Гоце Делчев, Тодор Александров и Лазар Колишевски се дел од македонската историја. Но, Гоце Делчев и Тодор Александров историски им припаѓаат на македонските Бугари и воопшто на Бугарите, додека Лазар Колишевски им припаѓа на југомакедонците и воопшто на Југословените. Македонизацијата на Гоце Делчев и Тодор Александров, а потоа зошто да не и на Иван Михајлов и на ред други дејци на ВМРО, е обид да се избрише историското наследство и меморијата на македонските Бугари, кои треба да се претворат во Бугари заради за некаков интерес.
Нема бегање од оваа вистина. Тоа е реалноста!
