КФОР: АКЦИЈАТА НА КОСОВСКАТА ПОЛИЦИЈА СЕ ОДВИВА НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА КОСОВО И НЕ НАСОЧЕНА ПРОТИВ СРБИТЕ

//

КФОР потврди дека во тек е акција на косовската полиција што се спроведува по налог на Обвинителството во Приштина, а се одвива на целата територија на Косово. Според нив, акцијата на северниот дел на Косово се спроведува во рамки на борбата против криминалот.

„Операцијата на косовската полиција се одвива по налог на обвинителството на целата територија на Косово, не само на северниот дел, и не е насочена против Србите, туку против обвинетите за корупција и криминал”, изјави портпаролот на командата на КФОР, Винченцо Грасо.

„Ја следиме ситуацијата, во контакт сме со властите во Приштина, но имаме комуникација и со Србија”, вели Грасо.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ОСМАНИ: ХРВАТСКА ЗАСТАНУВА ВО ПОДДРШКА НА ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ГО ПРИМИ ПРАТЕНИКОТ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ, ИВО ВАЈГЛ

Најново од Вести