| |

Бугарската влада донесе Национална програма за одбележувањето на годишнината од смртта на Апостолот на слободата Васил Левски

Владата во Бугарија донесе Национална програма со конкретни настани и иницијативи за одбележување на 150-годишнината од смртта на Апостолот на слободата Васил Левски.

Во февруари 2023 година се навршуваат 150 години од смртта на најголемиот бугарски револуционер Васил Левски. Цела Бугарија и Бугарите во странство пригодно ќе го испочитуваат херојството и храброста на големиот Бугарин, револуционер и демократ.

Васил Левски (1837-1873)

Реализацијата на голем број културни, образовни и научни настани вклучени во Националната програма на меѓународно, национално, регионално и локално ниво ќе помогне за понатамошно развивање и презентирање на нови истражувачки моменти за популаризација на животот и делото на Васил Левски и неговото значење за бугарска историја.

Слични Објави