|

Блок 1 од РEК Битола повторно ставен во функција

Попладнево околу 15 часот Блок 1 на РЕК Битола е ставен во функција. Постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем информираат од АД ЕСМ.

– Благодарание на стручноста и ангажманот на вработените во Термоелектраната, за нецели 24 часа санираните се пукнатите цевки заради кои блокот вчера утрото мораше да биде исклучен. РЕК Битола во моментов работи со два блока. На Блок 3 во тек се завршните зафати за монтажа на новиот трансформатор, по што и оваа постројка ќе биде ставена во функција се наведува во соопштението од ЕСМ.



Слични Објави