| |

Георгиева: „Украина и нејзиниот народ преживуваат долга и разорна војна веќе над четири години со извонредна издржливост“

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека неговиот Управен одбор одобрил четиригодишен заем од 8,1 милијарда долари за Украина, прецизирајќи дека 1,5 милијарди долари ќе бидат исплатени веднаш, пренесе Ројтерс.

ММФ додаде дека новиот договор по Програмата за проширено финансирање (Extended Fund Facility) е дел од пакет меѓународна помош во износ од 136,5 милијарди долари за Украина, која оваа недела одбележа 4 години од руската инвазија.

„Украина и нејзиниот народ преживуваат долга и разорна војна веќе над четири години со извонредна издржливост. Преку умешна политика, поддржана од Програмата за проширено финансирање од 2023 година, и со исклучителната финансиска поддршка на меѓународните партнери, властите одржуваат целосна макроекономска и финансиска стабилност, постигнаа напредок во националните приходи и придвижија некои клучни реформи“, изјави на крајот од седницата на Управниот одбор управувачкиот директор на ММФ, Кристалина Георгиева, цитирана од официјалната веб-страница на организацијата.

При посетата во Киев во средината на минатиот месец таа изјави дека ќе побара од Управниот одбор на ММФ да одобри нова кредитна програма за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари, нагласувајќи го значењето на обезбедување стабилно финансирање за оваа земја.



Слични Објави