Г. АРБЕР АДЕМИ ОСВЕН РЕФЕРЕНДУМ ЌЕ ИМА ЛИ И ОБРАЗОВАНИЕ?!

Ваш став Истакнато Позиција

По последната изјава на министерот за образование и наука дадена на 07-08-2018 год. освен за континуирано инвестирање во инфраструктурите на образованието беше објаснето колку пари ќе се потрошат и какви набавки треба да се направат. Освен за тендери, јавни набавки и набавки за мебел, не го чувме министерот да каже до каде се стигнати реформите во образованието и по која програма ќе почнат да учат учениците во оваа учебна година.

1. Уште колку време ќе ви треба да им објасните на загрижените родители кои не знаат по која програма ќе се спроведува оваа учебна година?

2. До каде се промените во менување на историјата од потпишувањето на договорот за добрососедство со Р. Бугарија?

3. Дали оваа година училиштата ќе работат по Кембрич програмата?

4. Како ќе се реши проблемот со недостатокот на слободни места во градинките , бидејќи многу родители се соочиле со проблемот да нема место за нивните деца и да бидат на листата на чекање. До кога ќе трае ова? Додека да тргнат на школо ли?

5. До кога на порталите и во медимумите ќе гледаме и читаме за агресивното однесување на воспитачките?

Г. Арбер Адеми, навистина редно време е да почнете вистински да ги решавате проблемите во нашата земја. И ова се само дел од проблемите, но треба да се почне од некаде нели? Нашите деца се нашата иднина. Квалитетното образование придонесува и за квалитетна иднина на нашата земја и одењето чекор напред.

Само да ве потсетам ако не знаете како да се справите со овие проблеми тогаш преземете ги моделите на европските држави кои успешно функционираат како на пример германскиот, естонскиот, шведскиот па вклучително и словенскиот модел. Прашање е на воља на желба и работа! Мислам дека е време да излезете пред јавноста и во најмала мера да ја соопштите програмата за оваа учебна година. Ако не можете да се снајдете самите ве молам отстапете ни место на нас од ГДУ да ви помогнеме да си ги реализирате реформите.

Автор: Фросина Китановска