МЕРКЕЛ ПРВПАТ ГО ПОСЕТИ АУШВИЦ И ИМ ОДДАДЕ ПОЧИТ НА ЖРТВИТЕ
Ангела Меркел за првпат го посети поранешниот нацистички концентрациски логор во Аушвиц, место на некои од најтешките злосторства на режимот на Адолф Хитлер.
Германската канцеларка вети донација од 60 милиони евра во фондот за реставрација и заштита на физичките остатоци на кампот, како бараки, кули за надгледување и лични предмети на оние кои умреле таму. Ова се надоврзува на претходната донација на државата од 60 милиони евра, дадена кога фондот беше основан пред една деценија.
Посетата на Меркел се случува во пресрет на одбележувањето на 75-годишнината на ослободувањето на кампот, што се случи на 27 јануари 1945. Во логорот Аушвиц-Биркенау биле убиени 1,1 милион луѓе, најмногу Евреи.

