БОКИ 13 ГО ПРАША КАМЧЕВ КАКО СЕ ВИКААТ НЕГОВИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ОД БУГАРИЈА, КОИ ГО СОВЕТУВАЛЕ ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“
На рочиштето за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 го праша сведокот Орце Камчев како се викаат неговите пријатели од Бугарија со кои се посоветувал како да постапи во случајот, јавува Лидер.
Камчев одговори дека човекот се вика Ивајло, а за презимето не се сеќава, на што Боки дофрли дека станува збор за две лица.
На ова Камчев одговори дека второто лице било возачот и дека тој седел на друга маса.

