МАШКИ РЕПЛИКИ ПОСЛЕ КОИ Е ДОБРО ДА СТАВИТЕ КРАЈ НА ВРСКАТА!

„Доста само се лутиш“, „нешто си се запоставила“, „мојата поранешна девојка би постапила на друг начин“… Познати ли ви се овие реплики? Веројатно сте слушнале вакво нешто досега од вашиот партнер. Овие реченици не се баш ненавредливи, туку се црвената линија која покажува дека е подобро да завршите со врската.

Кои други машки фрази сигнализираат на тоа дека сте налетале на погрешен партнер прочитајте во следните редови:

„Ако не ти се допаѓа оди си!“

Реченица на типичен манипулатор, којшто никогаш нема да се промени и да почне да ве почитува. Ваквите мажи најчесто поставуваат ултиматуми, искористувајќи ги слабостите на нивната партнерка. Ако сте го слушнале ова до сега, дали навистина имате потреба за врска со ваков човек?!

„Кој друг ти е потребен?“

Она што стои зад овие зборови е „ти си никоја без мене“. Реплика која има за цел повторно да манипулира и да ја намали вашата самодоверба. Џентлменот никогаш не би ја ставил својата сакана во ситуација да се чувствува неценета и непотребна на другите.

„Сите мажи изневеруваат“

Кога ќе ги слушнете овие зборови, не останува ништо друго освен да се заблагодарите на партнерот што е искрен и потоа продолжете без него. За него, очигледно, машките неверства се нешто нормално, и уште нешто, вие никогаш нема да бидете единствената за него.

„Сè уште не сум подготвен да те запознаам со моите пријатели и семејството“

Дали сте биле во врска неколку месеци, но тој сепак избегнува да ве запознае со неговата блиска околина? Ова укажува на тоа дека тој не ве сфаќа сериозно и најверојатно никогаш нема да ве запознае со неговите роднини и пријатели.

„Оди си сама дома“

Во денешно време, се чини дека жените се навикнати сами да ги прават повеќето работи. Работите во кои мажите треба да се манифестираат како господа, ја докажуваат и нивната наклонетост и загриженост. Ако тој не ве испрати до вашиот дом после состанокот, или ако се вратите дома со такси, а потоа не ви се јави за да провери дали сè е во ред, тогаш ваков лик воопшто не треба да ве интересира.

„Мора да ја пробаш мусаката на мајка ми“

Сериозно? Вие сте му зготвиле нешто вкусно, можеби дури и познатата мусака омилена кај повеќето мажи, а тој ви кажува дека јадењата на неговата мајка се повкусни? Сигурно не сакате да бидете во конкуренција со неговата мајка и да се споредувате со неа. Тоа апсолутно не ви е потребно во животот.