(Фото) Воената Коледа на Први пешадиски Софиски полк
Сурова и полна со искушенија е оваа воена Коледа, за некој од војниците можеби и последна. Помеѓу нив царува онаа посебна блискост, којашто се раѓа само во војничкото другарство. На лицата на оваа фотографија е изразена надежта. Можеби за скорешен победоносен крај на војната? Војниците се охрабрени и понесени од успехот на неодамна завршената Косовска операција, во којашто учествува Прва пешадиска дивизија, кон која припаѓа и полкот.
По завршувањета на кампањата на крајот на ноември, 1-виот пешадиски Софиски полк се дислоцира во реонот на Кратово, кадешто останува до 25-ти јануари 1916 год. и таму, покрај Кратово ги одбележува Божикните празници “во посебен дух на взаемна почит и солидарност, дури и во најскромна поставеност”, потсетува историјата на полкот.
Тогаш Рождество Христово се славело на 7 јануари /по јулијански календар/, како што го празнуваме и денес во Македонија. На стишеното воено поле јунаците уште не знаат, дека во новата година воените дејствија ќе се разгорат со уште пострашна сила, дека во Првата светска војна ќе влезе и Романија и следната нивна Коледа ќе биде на север, на Дунавско-добруџанскиот фронт. Таму ги чекаат нови подвизи и слава. Кампањата на север во 1916 година се води за ослободување на Јужна Добруџа, којашто во 1913 година неправедно е вклучена во пределите на Романија. Некои од хероите на фотографијата ќе го доживеат победоносниот устрем на нападот при Тутракан и влегувањето на Првата пешадиска дивизија на 9-ти декември 1916 година во Букурешт.
Денот пред Коледарската вечера – 5 јануари 1917 год., останува запамтен во воената историја на полкот. На тој ден, по 3½ месечно војување, бугарските воини со победоносно УРА стигнуваат до реката Серет, притока на Дунав. А следниот ден – 6 јануари, во силен ветар, студ и дожд полкот тргнува во поход на селото Домница, кадешто го пресретнува Рождеството Христово.
Историјата на воените Коледи на 1-виот пешадиски Софиски полк завршува на Битолскиот фронт во 1918 год. Војната се движи кон пораз на Централните сили, Бугарија, нивен сојузник се вклучилува во неа следејќи го идеалот за национално и етнографско обединување на старите територии. Светата надеж, испреплетена во пожарот на светскиот конфликт, останува да живее во зачуваната фотографија. Таа го претставува расказот за празни човечки копнежи, за вдовички солзи и безкрстни гробови на илјадници достојни мажи, коишто не можат да ја видат злочестата и несреќна татковина по Првата светска војна.

Автор: Христијан Танески
