|

Пратеничката Елисавета Белобрадова со реакција и отворено писмо до бугарскиот државен врв по физичкиот напад врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид

Заменик претседателката на Комисијата за политики за Бугарите во странство Елисавета Белобрадова објави отворено писмо до премиерот на Бугарија, министерот за надворешни работи на Бугарија и амбасадорот на Бугарија во РС Македонија, по последниот инцидент со претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб ,, Цар Борис III” во Охрид.

Во писмото Белобрадова наведува дека Бугарите во РС Македонија се подложени на психичко и физичко малтретирање. Таа настојува за брзо преземање на активности од страна на Бугарија за заштита и превенција на сите идни непријателски акти против секој бугарски државјанин.

Во објавата на Facebook Белобрадова е критична кон бугарската држава наведувајќи дека Бугарите во РС Македонија немаат никаква заштита од бугарска страна.

Слични Објави