| |

Во Софија најавен протест во поддршка на претепаниот Христијан Пендиков од Охрид

Утре со почеток од 12:30 часот по бугарско време пред зградата на Европската комисија во Софија ќе се одржи протест во заштита на Христијан Пендиков од Охрид. Организаторите на протестот подвлекуваат дека истиот е непартиски и ги повикуваат сите што сакаат да му дадат поддршка на Христијан да земат учество во демонстрацијата.

„Утре сабота 21 јануари организираме протест во поддршка на Кристијан и против дискриминацијата на Бугарите во Македонија. Протестот ќе се одржи во 12:3 часот пред зградата на Европската комисија во Софија “, пишуваат организаторите на протестот Клуб Родољубие и отечествознание и Куберов воин.

„Настанот е строго неполитички и непартиски. Сите се добродојдени како обични граѓани. Бараме брза реакција од бугарските институции, обезбедени права за Бугарите во РС Македонија и извршена казна врз сторителите! Нека европските институции конечно бидат гарант за правата на Бугарите“, стои во соопштението на организаторите на протестот.



Слични Објави