|

Утре почнува 13. Европско првенство во ракомет

Во четири градови во Хрватска од утре до 28 јануари ќе се игра 13. Европско ракометно првенство на кое ќе учествуваат 16 репрезентации, меѓу нив и Македонија.

Натпреварите ќе се играат во: Загреб (група Ц), Сплит (група А), Пореч (група Б) и Вараждин (група Д). Во втората фаза натпреварите ќе се играат во Загреб и во Вараждин, додека завршницата ќе се игра во „Арена Загреб“. Воедно оваа сала е најголема со капацитет од 15.200 места, „Спаладиум Арена“ во Сплит има капацитет од 10.931 место, „Вараждин Арена“ – 5.200, додека „Жатика Спорт Центар“ во Пореч собира 3.500 гледачи. (Прочитајте го целиот напис овде)

Слични Објави