| |

Ноев: Симеон Сакскобургготски да се извини за Евреите и да го посети Христијан Пендиков, кој се жртвуваше за името на неговиот татко

Има бугарски политичари што не треба да бидат пуштани не само во РС Македонија, туку и на бугарската политичка сцена. Тоа се бугарски политичари, кои сакаат да ја разделат Бугарија од Европа. Тие прават референдуми против еврото и отворено ги штитат интересите на Кремљ во Бугарија. Со овие зборови поранешниот министер за одбрана на Бугарија и експерт за национална безбедност Бојко Ноев ги коментираше изјавите на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека ќе забрани влез на бугарски политичари, поврзани со руските тајни служби на територијата на РС Македонија.

,,Човекот кој што има врска со Русија има валутен надимак и е раководител на една бугарска политичка партија. Луѓе како него прават огромна штета не само на европската иднина на Бугарија, но и на нашите односи со Северна Македонија а исто така и на безбедноста на нашата земја”, изјави Ноев.

Ноев подвлече дека токму тие политичари се користат како оправдување од страна на власта во РС Македонија, кога се тепаат македонски Бугари.

„Претседателот Пендаровски ја посочил ролјата на руските служби во Бугарија. Ние знаеме за нивната ролја во нашиот јавен и политички живот, и за жал, не преземаме доволни чекори за нивното неутрализирање, но македонските власти треба да кажат кои служби стојат позади систематските актови на насилство врз македонските Бугари, во Северна Македонија“, вели Ноев.

Во интервју за бугарската Бтв, Бојко Ноев го повика Симеон Сакскoбургготски да побара опростување за тоа што бугарската администрација учествувала во испраќањето на Евреите во логорите на смртта од Вардарска Македонија и Тракија во времето кога со државата раководел неговиот татко цар Борис III.

,,Има еден човек кој може да побара прошка. Тој човек се вика Симеон Сакскoбургготски, кој е директен наследник на династијата, која имала директен однос со депортацијата на Евреите. Бугарија треба да ја затвори таа страница, а Симеон Сакскoбургготски кој беше премиер на Бугарија и ја пропушти таа шанса, треба тоа да го направи денес по повод 80 годишнината од депортацијата”, изјави Ноев додавајќи дека наместо да пречекува во својата резиденција претставници на Кремљ, Сакскoбургготски треба да се извини и да го исчисти образот на Бугарија.

Ноев го повика Симеон Сакскобургготски да го посети претепаниот Христијан Пендиков, бидејќи е секретар на клуб што го носи името на неговиот татко, нарекуван од македонските власти фашист.

,,Тоа момче било секретар на клуб во Охрид именуван по таткото на Симеон Сакскобургготски. Македонски власти го нарекуваат таткото на Симеон Сакскобургготски фашист . Нека Симеон Сакскобургготски го посети тоа момче во болницата кое на некој начин се жртвувало за името на неговиот татко и се жртвувало да се изјасни како Бугарин. Тоа би било важен морален гест”, вели Ноев.

Поранешниот министер за одбрана на Бугарија е познат по неговите многукратни изјави во заштита на правата на македонските Бугари.

Повеќе видете во видеото на следниот линк.

Слични Објави