Француска инвестиција во производството на цилиндри отвори 100 работни места во Крџали, Р. Бугарија
Нова француска инвестиција вредна 15 милиони лева беше отворена во Крџали за третото по ред проширување на фабриката на компанијата „Серта Бугарија“. Инвестицијата ќе отвори 100 нови работни места.
„Оваа соработка е еден од многуте позитивни примери во француско-бугарските економски односи. За две децении ова претпријатие стана второ по големина во секторот и денес обезбедува вработување за 700 лица“, рече министерот за економија и индустрија на Р. Бугарија Никола Стојанов, кој присуствуваше на настанот.
„Со бугарските знаења и вештини овде се создава производство кое се извезува во многу земји од Европската унија, како и во САД, Бразил, Аргентина и Кина“, додаде министерот.
„Серта Бугарија“ АД работи во Бугарија од 2003 година, кога го презема бугарското претпријатие „Пневматика“, основано во 1964 година. Во моментов, фабриката во Крџали произведува цилиндри за земјоделска опрема и опрема за изградба на патишта.
Меѓу гостите на настанот беа градоначалникот на општина Крџали Хасан Азис, амбасадорот на Франција Жоел Мејер, економскиот советник на мисијата во Бугарија Емануел Булестро, претседателот и извршен директор на Француско-Бугарската трговска и индустриска комора Стефан Делаје и Весела Тодорова-Мозетиг.