| |

Белобрадова: Стотици свеќи во спомен на загинатите и повредените во атентатот во црквата „Света Недела“ беа запалени во центарот на Софија

Стотици свеќи во спомен на загинатите и повредените во атентатот во црквата „Света Недела“ беа запалени од граѓани во центарот на Софија во близина на храмот. За тоа информира пратеничката во бугарскиот парламент Елисавета Белобрадова со пост во социјалната мрежа Facebook.

„Стотици свеќи за загинатите и повредените во атентатот во „Света Недела“. Граѓани доброволно ги чуваат и ги палат повторно кога ќе изгаснат. Сеќавањето е живо и ќе биде живо, без разлика на обидите да се избрише. Вечна слава на загинатите во најкрвавиот атентат во историјата на Бугарија“, стои во објавата на Белобрадова.

Денеска се навршуваат 100 години од најголемиот терористички акт во историјата на Бугарија – атентатот во црквата „Света Недела“. За време на атентатот загинале над 200 луѓе, а стотици биле повредени. Атентатот е извршен на 16 април 1925 г. од воената организација на Бугарската комунистичка партија по наредба на Георги Димитров и Коминтерната и е директно финансиран од Москва.

Слични Објави