|

Нова инвестиција во ООУ „Лазо Ангеловски“ – училиштето доби енергетски ефикасно ЛЕД-осветление

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, кое е едно од најголемите училишта во Македонија, доби целосно ново ЛЕД-осветление, извести Општина Аеродром.

„Станува збор за инвестиција во вредност од речиси 50.000 евра, реализирана од Општина Аеродром со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП. Проектот беше спроведен низ транспарентен процес и повеќе форумски сесии, во кои граѓаните даваа свои предлози, а потоа како приоритетен го избраа проектот за енергетски ефикасно осветление во ова основно училиште“, велат од Општината.

„Проектот опфаќа реконструкција и обнова на електротехничката инсталација, при што застареното флуоресцентно осветление се заменува со ново и модерно ЛЕД. Со оваа промена и поставување енергетски ефикасно осветление, ќе се намалат трошоците за електрична енергија, се отстрануваат сите опасности, како УВ-зрачењето, и се поставува осветление што не содржи токсични материи“, се додава во соопштението на Општина Аеродром.



Слични Објави