Започнува со работа редовна линија за јавен превоз „Тетово – Попова Шапка – Тетово“
Општина Тетово ги известува сите граѓани и туристи кои сакаат да ја посетат Попова Шапка, дека од овој викенд ќе започне со работа редовната линија за јавен превоз во правец „Тетово – Попова Шапка – Тетово“.
„Оваа линија ќе биде во функција секоја сабота и недела. Патниците ќе се превезуваат со автобуси на Јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ – Тетово, со што граѓаните ќе можат полесно да патуваат до овој туристички центар.
Оваа линија очигледно ќе влијае не само на зголемување на бројот на туристи, туку и на олеснување на сообраќајот кон овој патен правец“, соопшти општина Тетово.
