Тагарев: Мора да го знаеме нашето минато, да ја цениме и да ја знаеме нашата историја, за да најдеме решенија за современите безбедносни проблеми
„Изложбата „Непријател/пријател“ подготвена од Националниот музеј за воена историја може професионално да ги прикаже сите различни аспекти на односите со Турција, Русија и Германија и начинот на кој Бугарија се обидувала да ја гарантира својата безбедност.“ Со овие зборови, Министерот за одбрана Тодор Тагарев вчера им се обрати на жителите, гостите и младите љубители на историјата на отворањето на изложбата во Поморскиот музеј во градот Варна, соопштува прес-службата на бугарското Министерство за одбрана.
„Знаете дека Русија го блокира поморскиот сообраќај, се меша во користењето на нашата ексклузивна економска зона, создава ризици за нашата безбедност. Меѓу сојузниците со кои разговаравме за овие проблеми беа Германија и Турција“, посочи министерот Тагарев и истакна дека познавањето на историјата е исклучително важно за да се најдат решенија и за современите безбедносни проблеми.
Министерот за одбрана потсети на настаните од Првата светска војна, кога руска ескадрила го бомбардирала градот Варна. Тогаш загинале 9 лица, а 24 лица биле повредени, уништената инфраструктура била значителна. Бомбардиран е и градот Балчик каде има споменик на бранителите. Тој изрази надеж дека новото раководство на општината на бугарскиот поморски главен град ќе преземе чекори за изградба на споменик и во Варна, за да може да се одбележи овој историски факт.
Мора да го знаеме нашето минато, да ја цениме и да ја знаеме нашата историја за да најдеме решенија за современите безбедносни проблеми“, рече министерот Тагарев. Тој им честиташе на Националниот воено-историски музеј и на Поморскиот музеј во градот Варна за нивните напори да ги претстават овие настани од историјата на Третата бугарска држава. „Ги повикувам сите кои се заинтересирани за влијанието на историјата да се запознаат со изложбата, бидејќи познавањето на воената историја е важен елемент и на воено-патриотското образование и на одржувањето и развојот на одбранбените капацитети на Бугарија до денес“, рече во заклучок министерот Тагарев. На отворањето на изложбата во поморскиот музеј во градот Варна присуствуваа заменик министерот за одбрана Атанас Запрјанов, командантот на поморските сили контраадмирал Кирил Михајлов, директорката на поморскиот музеј доц. д-р Соња Пенкова и воен персонал од гарнизонот.
„Работиме на забрзано стекнување на крајбрежни противбродски ракетни системи. Разговараме со нашите црноморски сојузници, Романија и Турција, да организираме заедничка операција за уништување на мини, што ќе го опфати целиот овој регион, вклучително и целата наша ексклузивна економска зона, главно оние рути што ги користат трговските бродови“, рече министерот за одбрана. Доколку успееме, оваа операција може да почне до крајот на годината или почетокот на следната година“, рече министерот за одбрана.
Тој објасни дека во операцијата ќе учествуваат воени бродови од трите црноморски земји, но ќе биде отворена за приклучување кон други сојузници, за вклучување на тимови за деминирање, како и други способности, без да се наруши Конвенцијата од Монтре.
„Во моментов не предвидуваме воени бродови на земји кои немаат излез на Црно Море дополнително да навлезат во реонот. Има и други начини на кои нашите сојузници можат да помогнат да се обезбеди нашата сопствена безбедност и безбедноста на поморскиот сообраќај“, рече министерот Тагарев.

