ИТАЛИЈА САКА ДА ГИ ОСЛОБОДИ ТУРИСТИТЕ ОД ЕУ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНИОТ КАРАНТИН

/

Министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи Ди Мајо сака месецов да овозможи патување во земјата без задолжителен карантин за туристите. Ова е дел од заложбата да се поттикне туризмот во оваа земја кој трпи голема штета за време на пандемијата.

Патувањето во Италија би требало да биде потполно олеснето за оние кои се вакцинирани против Ковид-19.

Ди Мајо рекол дека во соработка со министерот за здравство разговараат за можноста да нема повеќе карантин за граѓаните на Европска унија и патниците од Израел кои имаат негативен тест на вирусот, оние кои се вакцинирани и тие кои ја прележале болеста.



Патниците кои доаѓаат во Италија, во моментов мораат да се тестираат непосредно пред патувањето, да поминат петдневен карантин и потоа повтрно да се тестираат.

Претходна статија

ВО ЗЕМЈАВА ДОСЕГА ВТОРА ДОЗА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ПРИМИЛЕ 22.900 ГРАЃАНИ

Следна статија

ФИЛИПЧЕ: ДО КРАЈОТ НА ЛЕТОТО ОЧЕКУВАМЕ КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ

Најново од Вести