БОРИСОВ: ЕУ Е НАЈДОБРОТО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ ВО СВЕТОТ

//

Борисов напиша дека Европската унија е најдоброто место за живеење во светот и дека е горд што Бугарија има се повеќе значаен удел во вкупните европски достигнувања.

Премиерот во оставка на Бугарија, Бојко Борисов на Фејсбук напиша дека „Бугарија го дели Денот на Европа со сите наши пријатели од Европската унија, со кои продолжува да ја развива и гради идејата за европско обединување, која потекнува пред 71 година”.

„Во последниве години, вложивме големи напори за да ја направиме нашата земја достојна и активна членка на ЕУ. Наша должност е како дел од обединета Европа да ја развиваме својата сила заснована на мир, слобода и солидарност, напиша Борисов.

Благодарение на солидарноста, според него, Европската унија е на пат да ја испрати пандемијата на Ковид-19 во историјата.

„На почетокот на минатата година, Бугарија успеа брзо да го реорганизира своето производство за да може да започне со производство на заштитна опрема, обезбедувајќи ги своите потреби и нудејќи поддршка и на другите земји. Оваа година очекуваме вкупно 14 милиони дози вакцини против Ковид-19, доволно за да се имунизираат сите бугарски граѓани”, рече Борисов.



Според него, Бугарија ќе добие милијарди лева (половина милион евра) според Планот за обновување и одржливост на ЕУ, што ќе биде од голема корист за отстранување на штетите од глобалната криза и развојот на земјата.

Тој посочи дека денеска се одбележува и 76-годишнината од победата над нацизмот.

„Се сеќаваме на предупредувањето за историјата – дека политичарите на власт можат да ги водат општествата и кон нивниот подем и кон универзални трагедии”, додаде Борисов.

Претходна статија

ОСТАТОЦИТЕ ОД КИНЕСКАТА РАКЕТА ПАДНАА ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН

Следна статија

ВТОРОСТЕПЕНА КОМИСИЈА ЌЕ РАЗГЛЕДУВА ЗОШТО ПАЦИЕНТ КОЈ Е КИСЛОРОДНО ЗАВИСЕН СО КОВИД ДОБИЛ САМО ТРИ ДЕНА БОЛЕДУВАЊЕ

Најново од Вести