| |

Една од најпознатите градби во Чикаго ќе биде осветлена во боите на бугарското знаме по повод 3 март- Националниот празник на Бугарија

За прв пат една од најпознатите градби во Чикаго ќе биде осветлена по повод националниот празник на Бугарија, 3 март. Во боите на бугарското знаме ќе бидат осветлени антените на највисоката зграда во Чикаго, Вилис тауер, која е трета највисока зграда на западната хемисфера. Ова преку објава на социјалната мрежа Facebook го соопшти генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков.

„Денеска (вчера, бел. уред.), заедно со Гери Мичен, генерален директор во Вилис тауер и Закари Томас, оперативен координатор, ги финализиравме последните детали за ова прво од ваков вид признание за бугарската заедница, која е успешен и составен дел од општествено – економскиот живот во Градот на ветровите“, пишува генералниот конзул во Чикаго Светослав Станков.

Вилис тауер е изградена во 1973 година. Со височина од 442,3 метри, таа 25 години го држела рекордот за највисока зграда во светот.



Слични Објави