| |

ВМРО-ДПМНЕ СО ПРОТЕСТЕН МАРШ ВО СТРУМИЦА

ВМРО-ДПМНЕ денеска со почеток од 13 часот ќе одржи протестен марш во Струмица. Вчера опозиционата партија преку соопштение ги повика граѓаните да и се придружат во борбата против „ненародната“ власт предводена од премиерот Зоран Заев.

„Зоран Заев упорно го лаже македонскиот народ, кога вели дека сака да изгради консензус пред да ги дефинира на пример референдумско прашање, а потоа да го соопшти. Зоран Заев во целиот овој процес за обезличување на државата и македонскиот народ, ги исклучи опозицијата, го исклучи народот, го исклучи претседателот на државата. Го претвори процесот во своја приватна забава. Но сега гледаме дека му е важно да има допир со грчките националисти. Важно му е да го допре Каменос. Дали тој допир му е поважен од допирот со македонскиот народ, со македонската опозиција, со македонскиот претседател?

Ова мора да престане. Граѓаните ќе застанат пред заканата по македонскиот идентитет, пред девастирањето на државата во сите основи. ВМРО-ДПМНЕ ќе застане на браникот заедно со народот. Токму затоа ги повикуваме сите оние што се противат на ваквите девастирачки политики на Заев и неговата свита во Владата, утре во 13 часот да се приклучат на протестниот марш на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави