|

Канада не сака ниту челик, ниту алуминиум од Русија

Канада го забрани увозот на сите руски производи од алуминиум и челик како дел од новиот пакет санкции против Русија поради нејзиниот напад врз Украина.

„Украина може и мора да победи во оваа војна. Ние продолжуваме да правиме се што можеме за да ги намалиме или ограничиме приходите што се користат за финансирање на (рускиот претседател Владимир) Путин, нелегалната и варварска инвазија на Украина“, рече канадската министерка за финансии Кристиа Фриланд.

Забраната за увоз ги опфаќа и готовите и недовршените руски производи и ќе влијае на увозот на производи како што се алуминиумски лимови, алуминиумски контејнери, како и челични цевки, се наведува во соопштението, пренесе Ројтерс.

Досега, Канада воведе санкции за повеќе од 1.600 поединци и фирми поврзани со Русија и ѝ обезбеди на Украина повеќе од 3,6 милијарди долари финансиска, воена и друга помош.

САД објавија царини од 200 отсто за рускиот алуминиум и сродните производи минатиот месец.

Слични Објави