|

СДСМ со одговор до ВМРО-ДПМНЕ: Со судски пресуди е потврден криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, ортаците се во Белиот дворец 

Со судски пресуди е потврдени криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, партија која со судска одлука е потврдено дека е злосторничко здружение, се вели во соопштението од СДСМ како одговор на претходното соопштение од опозициската партија во кое ја обвинуваат власта и институциите дека наместо да ги гонат, тие се ортаци со најголемите криминалци и наркобосови во државата.

– Оттука ортаците на криминалот е јасно дека се во Белиот дворец, исто така со судски одлуки докажано дека е стекнат на криминален начин, врз грбот на граѓаните. Бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ВМОР-ДПМНЕ со нивни  јавни признанија, кажуваат до кој степен е криминогена партија и кои се ортаците, стои во соопштението од СДСМ.

Во соопштението од СДСМ се вели и дека за работата на полицијата денеска говорат бројките кои покажуваат за 31% намалување на стапката на криминалитет и намалување на бројот на кривични дела.


Слични Објави